Парламентарни избори во Казхахстан

На парламентраните избори во Казахстан граѓаните на оваа централно азиска држава гласаа за новиот состав на парламентот составен од вкупно 107 пратенички места

454664
Парламентарни избори во Казхахстан

На денешните предвремени избори за новиот состав на Долниот дом на Парламентот на Казахстан гласаа над 9 милиони регистрирани гласачи во 16 изборни единици.

На изборите учествуваат 6 политички партии, меѓутоа со сигурност се гледа дека со убедлива разлика ќе победи владејачката партија Нур Отан.

Пратениците на парламентот на Казахстан составен од вкупно 107 пратенички места се избираат со мандат од 5 години.

Партиите кои ќе го поминат изборниот праг од 7-отсто ќе се стекнат со право да бидат претставени во парламентот.

На изборите ќе бидат избрани 98 пратеници додека останатите 9 пратеници ќе бидат избрани од кандидатите кои ќе бидат истакнати од страна на Асамблејата на народите на Казахстан.

Изборите ги следат вкупно 817 посматрачи од меѓународни организации како што се Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), Организацијата за Шангајска соработка и од некои странски земји, како и 147 странски новинари.



Слични вести