Мал авион во Бразил удри во две згради: 7 загинати

Нема преживеани од 7-те лица кои се наоѓале во малиот авион кој удрил во две згради во Сао Пауло во Бразил

454510
Мал авион во Бразил удри во две згради: 7 загинати

Еден мал авион удри во две згради во Сао Пауло во Бразил и во несреќата животот го загубија сите 7 лица колку се наоѓаа во авионот.

Според добиени информации од локални бразилски медиуми меѓу загинатите во несреќата се наоѓаат и бивш висок функционер на познатата рударска компанија „Вале“ Роџер Агнели, неговата сопруга и двете деца.

Како што се истакнува авионот кој кусо време по полетувањето од еден аеродром во Сао Пауло удрил во две згради и притоа животот го загубиле 7 лица, а едно лице кое се наоѓало во едниот од зградите во кои удрил било повредено, бил во сопственост на Агнели.



Слични вести