Муфид Елфгех осуден на казна затвор од 22 години и 5 месеци

САД изрази спремност за поддршка на Меѓународниот кривичен суд во истрагите за обвинувањата за геноцид

453316
Муфид Елфгех осуден на казна затвор од 22 години и 5 месеци

Едно лице во САД на кое му се судеше за помош, поддршка, обезбедување извори и материјални средства на терористичката организација ДЕАШ беше осудено на казна затвор од 22 години и 5 месеци.

32 годишниот американски државјанин од јеменско потекло Муфид Елфгех, на 21 мај 2014 година во Њујоршкото подрачје Рочестер беше фатен како се подготвува двајца доушници на ФБИ да ги испрати да војуваат на страната на ДЕАШ во Сирија.

Муфид Елфгех од страна на судот пред кој беше изнесен беше осуден.

Јавното обвинителство соопшти дека во рамките на истрагата беа откриени докази како Муфид Елфгех преку социјалнте медиуми врши пропаганда на ДЕАШ и на тој начин се обидувал да собира пари и милитанти за терористичката организација.

Во меѓувреме, САД изрази спремност за поддршка на Меѓународниот кривичен суд во истрагите за обвинувањата за геноцид во подрачјата во Сирија и Ирак кои се наоѓаат под контрола на ДЕАШ.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернст рече дека САД ќе соработува со независните иницијативи кои ќе ги истражуваат тврдењата за геноцид.

Американскиот државен секретар Џон Кери претходно имаше најавено дека терористичката организација ДЕАШ врши геноцид над христијаните, шиитите и Јазидите во подрачјата кои ги држи од контрола во Ирак и Сирија.



Слични вести