Турција ја осуди одлуката на Израел за присвојување земјиште на Западниот брег

Турското министерство9 за надворешни работи објави соопштение со кое остро ја осуди одлуката на Израел за присвојување на 2.340 хектари земјиште на Западниот брег

452285
Турција ја осуди одлуката на Израел за присвојување земјиште на Западниот брег

Турција остро ја осуди одлуката на Израел за присвојување на 2.340 хектари земјиште на Западниот брег.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се вели следното: „Остро ја осудуваме одлуката за присвојување на 2.340 хектари палестинско земјиште во близина на градот Ериха на Западниот брег.“

Во соопштението се истакнува дека Израел од 1967 година го држи под окупација Западниот брег и се нагласува дека нема валидност одлуката за незаконско проширување на станбените населби.

Освен тоа во соопштението на турското министерство за надворешни работи се доставува и следното предупредување: „Израел треба да стави крај на овие видови активности со кои што и се наштетува на основата за решение со две држави кое пак е единствениот пат за воспоставување на трајниот мир во регионот.“



Слични вести