Поддршка од Меркел на предлозите на Турција по прашањето на мигрантите

Германската канцеларка Ангела Меркел пред Федералниот парламент, Бундестагот ги поддржа предлозите на Турција по прашањето на мигрантите

452244
Поддршка од Меркел на предлозите на Турција по прашањето на мигрантите

Германската канцеларка Ангела Меркел која пред самитот меѓу ЕУ и Турција во Брисел говореше во Федералниот парламент, Бундестагот ги поддржа предлозите на Турција по прашањето на мигрантите.

Меркел напомена дека предлозите на премиерот Ахмет Давутоглу покажуваат оти сме дојдени на значајна точка по прашањето на решавањето на проблемот со мигрантите.

Ангела Меркел рече:„Барањето на Турција за поголема материјална помош го наоѓам за разумно. За тоа е подготвена и ЕУ.“

Осврнувајќи се и на тоа дека Турција која е домаќин на милиони бегалци не добива доволно респект, Меркел истакна дека со нови предлози миграцијата ќе може да се контролира подобро.

Меркел го нагласи и значењето на улогата на НАТО во борбата против криумчарењето со луѓе.

Во врска со членството на Турција во ЕУ германската канцеларка Ангела Меркел рече дека ионака Турција долги години е земја кандидат и дека прва точка на дневниот ред е состојбата на мигрантите.

Меркел додаде дека процесот на членство на Турција засега не е главна точка на дневниот ред и дека овој процес продолжува да се одвива нормално.



Слични вести