Велика Британија продолжува да дискутира за членството во ЕУ

Последните испитувања на јавното мислење пред референдумот закажан за 23 јуни покажуваат дека 49-отсто од британските граѓани сакаат да ја напуштат ЕУ

451467
Велика Британија продолжува да дискутира за членството во ЕУ

Велика Британија продолжува да дискутира за членството во ЕУ...

Последните испитувања на јавното мислење пред референдумот закажан за 23 јуни покажуваат дека 49-отсто од британските граѓани сакаат да ја напуштат ЕУ.

Процентот на Британците пак кои го поддржуваат членството во ЕУ изнесува 47-отсто.

Истражувањата покажуваат дека противниците на ЕУ се поодлучни и за гласање на референдумот.

Според анкетите процентот на противниците на ЕУ кои велат дека ќе излезат да гласаат на референдумот е поголем од оние кои сакаат да останат во ЕУ.

На референдумот за ЕУ во Велика Британија закажан за 23 јуни на британските граѓани ќе им се постави прашањето „Дали Обединетото Кралство треба да остане во ЕУ?“

Поради противењето на членството во ЕУ кое што расте во неговата земја британскиот премиер Дејвид Камерон соопшти дека членството кое што продолжува од 1973 година досега ќе биде поставено на референдум.



Слични вести