Отрезнувачко прашање до светот: Бевте Шарли... Бевте Париз... Дали ќе бидете и Анкара?

Англискиот музичар-клавијатурист Џејм Тејлор кој 18 месеци како живее во Анкара за која вели дека е и ќе продолжи да е негов дом упати едно емотивно и отрезнувачко прашање до целиот свет

451116
Отрезнувачко прашање до светот: Бевте Шарли... Бевте Париз... Дали ќе бидете и Анкара?

„Бевте Шарли... Бевте Париз... А дали ќе бидете и Анкара?“

Ова се зборови од емотивната и отрезнувачка порака на англискиот музичар-клавијатурист Џејмс Тејлор кој живее во Анкара, упатена до целиот свет...

Пораката за Анкара која што Тејлор по кукавичкиот терористички напад во Кизилај во Анкара ја сподели преку својата сметка на Фејсбук со турско знаме наиде на голема заинтерсираност на социјалните медиуми.

Оваа порака на Тејлор преку Фејсбук беше објавена и од страна на англискиот весник „Индепендент“ и американското неделно списание „Њусвик“.

Тејлор во оваа негова порака до меѓународната јавност го поставува прашањето „Бевте Шарли... Бевте Париз... А дали ќе бидете и Анкара?“ со кое апелира до светот да се покаже емпатија со жртвите во кукавичкиот напад во Кизилај, едниот од најпрометните места на Анкара.

Текстот што го сподели Џејмс Тејлор досега е споделен од страна на приближно 60 илјади корисници на Фејсбук.

Оваа порака која досега доби приближно 5 илјади коментари и е лајкувана од страна на над 76 илјади лица, го доби респектот на голем број корисници на социјалните медиуми.

Тејлор во својата порака вели „Ова е како да експлодира бомба во Нортамптон, надвор од Дебенхамс во Драпери... Или на Њу Стрит во Бирмингем... Или на Пикадили Циркус во Лондон...“, по што посакува од луѓето да се размисли за одговорите на овие прашања:

„Замислете да бевте таму? На местото од каде што поминувате секој ден, на градските автобуски постојки кои ги користите, патиштата по кои одите?“

Англискиот музичар чие родно место на Фејсбук е регистрирано Нортхамптон во својата објава вели: „ Спротивно на она што го мислат голем број луѓе; Турција не е Блиски исток... Анкара не е воена зона... Таа е нормален, модерен и живописен град. Исто како и европските престолнини. Кизилај е срцето и центарот на тој град...“

Тејлор продолжува со следните зборови: „Мошне е лесно да се почувствува болка и да се жали за жртвите во терористичките напади во Лондон, Њујорк и Париз. Тогаш зошто истото не се случува и за Анкара? дали причината за тоа е тоа што не можете да разберете дека Анкара не е поразличен град од нив?“

Англискиот музичар-клавијатурист Џејмс Тејлор својата порака преку Фејсбук ја завршува со зборовите: „Анкара е мојот дом. Тоа е така 18 месеци и ќе продолжи да е мој дом. Бевте Шарли... Бевте Париз... Дали ќе бидете и Анкара?“



Слични вести