Во поплавите во Пакистан животот го загубија 42 лица

Во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од монсунските дождови во Пакистан животот го заубија 42 лица

450518
Во поплавите во Пакистан животот го загубија 42 лица

Бројот на загинатите во поплавите и лизгања на земјиштето предизвикани од монсунските дождови во Пакистан се зголеми на 42 лица, 70 лица се повредени, а 75 куќи се доведени во неупотреблива состојба.

Во силните врнежи од дожд кои што продолжуваат веќе 5 дена најмногу беа погодени провинциите Белуџистан и Хајбер.

Повеќето од смртните случаи настанале при рушење на покривите на куќите.

Во областа Оракзаи пак поради лизгање на земјиштето дојде до рушење на ходниците во еден рудник за јаглен при што 7 рудари го загубија животот, а 10 мина беа повредени.

Во поплавите предизвикани од силните врнежи од дожд за време на летните монсунски дождови во Пакистан минатата година животот го загубија 81 лице.



Слични вести