Партијата на Меркел претрпе значајни загуби на изборите во 3 покраини

Демохристијанската партија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел претрпе значајни загуби на одржаните парламентарни избори во три сојузни покраини

450460
Партијата на Меркел претрпе значајни загуби на изборите во 3 покраини

На вчерашните одржани парламентарни избори во 3 покраини во Германија Демохристијанската партија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел претрпе значајни загуби.

На изборите во покраините Баден-Виртемберг, Реинланд-Фалц и Саксонија-Анхалт гласаа 12 милиони 600 илјади бирачи.

Според прелиминарните и неофицијални избори во покраината Баден-Виртемберг победи Партијата на Зелените која освои 30,5-отсто од гласовите, а во покраината Реинланд-Фалц Социјалдемократската партија (СПД) со 36,8-отсто освоени гласови.

Во покраината Саксонија-Анхалт пак и покрај тоа што победи Демохристијанската партија (ЦДУ) која освои 29,3-отсто од гласовите таа во споредба со претходните избори изгуби 3,3-отсто од гласовите во оваа покраина.

Екстремно десничарската Партија „Алтернатива за Германија“ (АФД) која инаку е позната по антимигрантскиот и антимуслиманскиот став освои гласови над очекувањата и влезе во Парламентите и на трите покраини.

Парламентарните избори во трите германски покраини беа вид референдум за тестирање и на поддршката на германската канцеларка Ангела Меркел во врска со нејзината мигрантска политика.



Слични вести