„На Ким Јонг Ун треба да му се суди за злосторства против човештвото“

Специјалниот известувач на ОН за Северна Кореја Марзуки Дарусман истакна дека на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун и на другите високи функционери на оваа земја треба да им се суди за извршени злосторства против човештвото

450720
„На Ким Јонг Ун треба да му се суди за злосторства против човештвото“

Специјалниот известувач на ОН за Северна Кореја Марзуки Дарусман кој говореше на состанокот во швајцарскиот град Женева на кој учествуваа претставници на 47 земји членови на Советот истакна дека на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун и на другите високи функционери на оваа земја треба да им се суди за извршени злосторства против човештвото.

Дарусман нагласи дека тоа што Северна Кореја додека народот се соочува со недостаток од храна троши џиновски буџетски средства за истражувањата во сферата на нуклеарно оружје претставува злосторство против човештвото.

Дарусман рече: „Го повторувам помојот повик до меѓународната заедница. Да се направи неопходното за да се овозможи високите севернокорејски функционери вклучувајќи го и лидерот Ким Јонг Ун да положат сметка.“

Алудирајќи на извештајот што го објави минатиот месец, специјалниот известувач на ОН за Северна Кореја Марзуки Дарусман го подвлече и тоа дека од истражувањата на ОН од пред една година досега нема никакви позитивни промени во однос на голем број прашања во Северна Кореја од условите во затворите каде што се држат политичките затвореници до притисоците на верска основа.



Слични вести