Во Нангархар во Авганистан убиени 24 терористи на ДЕАШ
Во операциите на авганистанските безбедносни сили врз позициите на терористичката организација ДЕАШ во градот Нангархар во Авганистан беа убиени 24 терористи
Во реализирани операции од страна на авганистанските безбедносни сили врз позициите на терористичката организација ДЕАШ во градот Нангархар во источниот дел на Авганистан беа убиени 24 терористи.
Во објавеното соопштение од авганистанското министерство за одбрана се истакнува дека интензивно продолжуваат операциите против терористичката ДЕАШ во населеното место Ачин во Нангархар.
Во соопштението се вели дека во вооружените судири во текот на операциите биле убиени 24 терористи на ДЕАШ.
Во истото соопштение се истакнува дека и во реализираните операции против Талибан кои што продолжуваат во различни провинции во земјата се убиени над 60 милитанти на Талибан и дека биле запленети и големи количини на оружје и муниција.
Во реализираната операција против позициите на терористичката организација ДЕАШ во истиот град Нангархар пред приближно еден месец беа убиени 42-јца терористи.