Сириски опозиционери соборија воен авион на режимот

Сириските опозиционери соборија воен авион од типот МИГ-21 на режимот на Асад северно од градот Хама

449580
Сириски опозиционери соборија воен авион на режимот

Сириските опозиционери во северниот дел на градот Хама соборија воен авион од типот МИГ-21 во сопственост на режимот на Асад.

Според добиени информации од извори на Сирискиот револуционерен совет сириските опозициски единици во близина на месноста Кафрнбуда во северниот дел на Хама отворија оган со противавионска ракета на воен авион од типот МИГ-21 на режимот на Асад.

По отворениот оган пилотот на авионот скокнал со падобран и се спуштил во месноста Кафрназ која се наоѓа под контрола на сирискиот режим, додека соборениот воен авион паднал на југот на месноста Махрада.

Сирискиот режим се уште не објави било какво соопштение со врска со соборениот авион.

Во меѓувреме опозиционерите ги одбија и нападите на силите лојални на режимот на Асад против Туркменската планина и Џебел Екрад во реионот на градот Латакија.



Слични вести