Продолжуваат реакциите против тестирањето на проектилите на Иран

Ќе продолжиме да вршиме притисок со билатерални средби и разговори и со посредство на ОН

448754
Продолжуваат реакциите против тестирањето на проектилите на Иран

Продолжува оддекот и реакциите по повод тестирањето на балистичките проектили со долг дострел на Иранските револуционерни гардисти

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Тонер при изнесувањето на реакциите во врска со тестирањето на балистичките проектили рече дека не се во никаква илузија по повод потпишувањето на нуклеарниот договор со Техеран.

Ќе продолжиме да вршиме притисок со билатерални средби и разговори и со посредство на ОН рече Тонер, потенцирајќи дека моментално се во етапа на собирање и разгледување на податоците и резултатите. Вложуваме напори да утврдиме што се дефинитивно е направено.

Во освртот на говорот на потпретседателот на револуционерните гардисти Хусејин Салами кој рече дека ќе продолжат со тестирањето на ракетите со долг дострел, портпаролот Тонер рече дека САД ги осудува овие случувања. Сакам да кажам дека во рамките на сеопфатниот заеднички акционен план не сме во илузија дека со тестовите што ќе се остварат, Иран ќе може да ги наруши рамнотежите во регионот. Ако Техеран ги одобри тестовите, САД и СБ на Он ќе го осудат Техеран.



Слични вести