Продолжува неизвесноста околу утрешните сириски преговори во Женева

Обостраните изјави кои што пристигнуваат од страните ги доведуваат во тешка состојба сириските преговори за кои се очекува да започнат утре (понеделник) во швајцарскиот град Женева

449587
Продолжува неизвесноста околу утрешните сириски преговори во Женева

Сирискиот министер за надворешни работи Велид Муалим истакна дека на сириските преговори за кои се очекува да започнат утре (понеделник) во швајцарскиот град Женева нема да прифатат да се дискутира за претседателската функција на Асад.

Муалим на одржаната конференција за печатот рече дека периодот на транзиција во Сирија го оценуваат како промена на владата и уставот.

Лидерот на сириската опозициона група Џејш'ул Ислам и главен преговарач Мухаммед Алуш пак истакна дека периодот на транзиција може да започне само со соборување на Асад од власт.

Алуш во врска со последните изјави на сирискиот министер за надворешни работи Велид Муалим рече: „Тоа покажува дека режимот не е искрен во политичкиот процес.“

Наведувајќи дека преговорите се потпокуваат уште пред да започнат Алуш напомена дека причината поради која опозиционерите учествуваат на преговорите е власта да му се предаде на сирискиот народ и да се спаси народот од зулум.

Предводничките делегации на сириските опозиционери пристигнаа во Женева, додека делегацијата на режимот на Асад се очекува да замине за Женева денеска.



Слични вести