На прелиминарните избори во Вашингтон Рубио го порази Трамп

На прелиминарните избори кај Републиканската партија во Вашингтон победи гувернерот на Флорида Марко Рубио

449641
На прелиминарните избори во Вашингтон Рубио го порази Трамп

Продолжува одбројувањето за претседателските избори во САД закажани за ноември ова година.

Кандидатите за нов американски претседател од редовите на Републиканската партија овојпат се натпреваруваа на прелиминарните избори за освојување на најголем број делегати во главниот град Вашингтон.

На прелиминарните избори победи гувернерот на Флорида Марко Рубио, додека Доналд Трамп кој привлекува внимание со своите изјави беше поразен.

Во главниот град на САД Вашингтон каде што мнозинството го сочинуваат гласачи на Демократската партија само 6-отсто од регистрираните бирачи се Републиканци.

Гувернерот на Флорида Марко Рубио на внатрепартиските избори во Вашингтон освои 10 делегати, а гувернерот на Охајо Џон Кесич освои 9 делегати.

Доналд Трамп пак кој поради неговите расистички изјави привлекува големи реакции особено во последните денови се врати со празни разце од Вашингтон.

Прелиминарни избори во редовите на Републиканската апртија беа одржани и во Вајоминг каде што сенаторот од Тексас Тед Круз освојувајќи 66,3-отсто од гласовите извојува убедлива победа против Доналд Трамп, додека најблискиот противник Марко Рубио освои само 19,5-отсто од гласовите.

Трамп и на овдешните внатрепартиски избори беше трет со освоени 7,2-отсто од гласовите.

На тој начин на прелиминарните избори во Вајоминг Тед Круз освои 9 делегати, а Марко Рубио и Доналд Трамп по 1 делегат.



Слични вести