Обама придава особено големо значење на турската перспектива

Голдберг не може да ги заснова личните тврдења ниту на Обама ниту пак на некој друг висок државен претставник.

449061
Обама придава особено големо значење на турската перспектива

Американскиот претседател Барак Обама придава особено големо значење на турската перспектива поради улогата на земја мост на Турција меѓу Европа, Блискиот Исток и муслиманите.

Ова се зборовите на портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Матрк Строх.

Строх направи проценка на интервјуто кое беше обајвено во американското списание Атлантик, а во кое беа објавени зборови кои не припаѓаат на Барак Обама.

Написот беше објавен од страна на Џефри Голдберг и неговите изрази кои беа посветени на лидерските позиции на Обама и Ердоган во врска со политиката кон Сирија и во рамките на исламскиот свет, претставуваат лично мислење.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Америка Строх, остро реагираше на личните тврдења кои Голдберг не може да ги заснова своите тврдења ниту на Обама ниту пак на некој друг висок државен претставник.

Претседателот Ердоган е значаен сојузник во коалицијата против ДЕАШ. Претседателот Обама придава посебно значење Турција и на перспективата на турските партнери поради улогата на земја мост меѓу Европа, Блискиот Исток и муслиманите. Претседателите Обама и Ердоган често одржуваат телефонски разговори и освен прашањата во врска со меѓусебните интереси, разменуваат мислења и околу заедничката борба против ДЕАШ и можностите за намалување на насилството во Сирија. Во врска со Сирија, претседателот Обама на претседателот Ердоган му изрази почитување за приемот на Турција на 2.5 милиони бегалци од Сирија. Во својство на две партнерски земји, цврсто ќе продолжиме да се држиме против сите заеднички искушенија, рече Строх.



Слични вести