УНЕСКО: 63 милиони женски деца во светот немаат можност да одат на училиште

УНЕСКО истакна дека 63 милиони женски деца во светот немаат можност да одат на училиште и дека приближно половината од овие женски деца се на возраст на основно училиште

448152
УНЕСКО: 63 милиони женски деца во светот немаат можност да одат на училиште

Според извештајот на Организацијата на ОН за образование, наука и култура УНЕСКО 63 милиони женски деца во светот немаат можност да одат на училиште.

Организацијата соопшти дека приближно половината од овие женски деца се на возраст на основно училиште, додека 16 милиони женски деца на возраст меѓу 11 и 16 години никогаш нема да добијат можност да научат да читаат и пишуваат.

Во извештајот се нагласува дека бројот на машките деца пак кои и покрај тоа што се на училишна возраст немаат можност да одат на училиште во светот изнесува околу 8 милиони.

Во Извештајот на УНЕСКО се вели дека најголемата нерамноправноста помеѓу женските и машките деца се забележува во Арапските земји, Африканските земји јужно од Сахара (потсахарска Африка) и земјите од јужна и западна Азија.

Во извештајот се привлекува внимание дека женските деца се соочуваат со големи тешкотии во стекнувањето со образование особено во земјите како што се Јужен Судан, Либерија и Еритреја.

Според статистичките податоци на УНЕСКО повеќе од 60-отсто од женските деца во овие земји на возраст под 15 години немаат можност да одат на училиште.



Слични вести