Техеран ќе продолжи со ракетната програма

Иран во врска со ракетната програма не даде никакво ветување на ОН

447849
Техеран ќе продолжи со ракетната програма

Иранските револуционерни гардисти соопштија дека усвоиле одлука за продолжување со пробите на балистичките проектили со долг дострел.

По острите критики од САД во врска со пробите на балистичките проектили на Иран, Техеран објави соопштение.

Командантот на Иранските револуционерни гардисти Амир Али Хаџизаде рече дека Иран во врска со ракетната програма не даде никакво ветување на ОН.

Иран не го прекршува договорот постигнат со земјите П5+1, рече Али Хаџизаде и потенцираше дека ќе продолжат со тестовите.

Непријателите за цел го имаат Иран преку Јемен, поради што ќе продолжиме со ракетната програма.

Според соопштението, проектилите чии тестови се вршат имаат 24 боеви глави и можат да носат експлозив од еден тон.



Слични вести