Средба на Џо Бајден со Махмуд Абас во Рамалах

Американскиот потпретседател Џо Бајден во Рамалах се состана со палестинскиот претседател Махмуд Абас

447841
Средба на Џо Бајден со Махмуд Абас во Рамалах

Американскиот потпретседател Џо Бајден во рамките на својата турнеја по Блискиот исток ја посети Палестина.

Бајден и делегацијата во негова придружба во Рамалах се состанаа со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

По средбата Бајден и Аас истакнаа дека решението со две држави е потребно за воспоставување на мирот во регионот.

Нагласувајќи дека Израел во последните 5 месеци уби 200 Палестинци, Абас го достави своето сочувство до Бајден поради убиениот американски граѓанин во Тел Авив.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас рече: „Победата која што ќе биде извојувана против ДЕАШ и тероризмот ја налага потребата од формирање на независна држава Палестина во границите од 1967 година и со главен град Источен Ерусалим.“

Американскиот потпретседател Џо Бајден исто така ја нагласи поддршката во правец на решението со две држави.



Слични вести