Силни врнежи од дожд и поплави во јужните и централните делови на САД

Поради силните врнежи од дожд и бурата кои ги погодија јужните и централните делови на САД животот го загубија три лица, а беа испразнети 3.500 куќи

447925
Силни врнежи од дожд и поплави во јужните и централните делови на САД

Во силните врнежи од дожд и бурата кои ги погодија јужните и централните делови на САД животот го загубија три лица, а беа испразнети 3.500 куќи.

Особено во сојузните држави Тексас, Луизијана и Арканзас поради поројните врнежи од дожд реките ги преплавија своите корита, а куќите и работните места останаа под вода.

Надлежни истакнуваат дека неповолните временски услови ќе продолжат и предупредуваат дека силните врнежи од дожд и бурата ќе влијаат негативно на милиони луѓе.

Гувернерот на Луизијана Џон Бел Едвардс поради неповолните временски услови прогласи итна состојба во сојузната држава и за активностите за пребарување ги задолжи безбедносните сили.

Како што се наведува во рамките на превентивните мерки во градот Бозиер биле испразнети 3.500 куќи.

Поради поплавите се затворени голем број автопати во подрачјето и надлежните ги предупредуваат граѓаните да не патуваат по патиштата изложени на влијанието на надојдените води.

Како што се истакнува поради неповолните временски услови досега животот го загубија најмалку три лица и дека едно од нив било лице кое било одвлечено од поплавите заедно со своето возило.

Надлежни истакнуваат дека силните врнежи од дожд и бурата уште извесно време ќе бидат влијателни во регионот.



Слични вести