Северна Кореја ја зголемува тензијата во регионот

По реализираните воени вежби и заканите со употреба на нуклеарно оружје од источните крајбрежја на Северна Кореја беа истрелани две балистички ракети од краток дострел

447820
Северна Кореја ја зголемува тензијата во регионот

Северна Кореја продолжува да ја зголемува тензијата во регионот.

По реализираните воени вежби и заканите со употреба на нуклеарно оружје од источните крајбрежја на Северна Кореја беа истрелани две балистички ракети од краток дострел.

Истреланите ракети по изминат пат од 500 километри паднаа во морето.

Се укажува и на тоа дека издадената наредба од страна на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун до армијата за подготвеност за војна ќе ја зголеми уште повеќе ионака пристуната затегнатост во регионот.

Во објавеното соопштение од САД пак беше критикуван провокативниот став на Ким Јонг Ун.

Инаку најпрвин тврдењата околу тоа дека Северна Кореја тестираше хидрогенска бомба, а потоа и лансираната ракета во вселената станаа причина за криза во регионот.

По овие активности на Северна Кореја најпрвин Јужна Кореја, а потоа и САД и Советот за безбедност на ОН ја изразија својата вознемиреност од овие случувања.



Слични вести