Реакции од САД против Иран поради тестирањата на балистички ракети

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест истакна дека за да се спречи Иран да се стекне со нуклеарно оружје минатата година беше постигнат договор со оваа земја

448096
Реакции од САД против Иран поради тестирањата на балистички ракети

Продолжува одекот на тестирањата на балистички ракети од долг дострел на иранската револуционерна гарда.

Во период кога САД ги следат одблизу овие тестирања портпаролот на Белата куќа Џош Ернест на редовната дневна конференција за печатот во врска со прашањето рече дека инсистирањето на Иран во развојот на својата програма за балестички ракети веќе долго време претставува извор на загриженост.

Ернест истакна дека за да се спречи Иран да се стекне со нуклеарно оружје минатата година беше постигнат договор со оваа земја.

Велејќи дека САД ќе ги зголемат своите напори за спречување на оваа земја да ја развие својата нуклеарна програма надвор од меѓународните договори, Џош Ернест рече: „Откако ќе добиеме информации за тоа што точно прават ќе го определиме одговорот што ќе го дадеме. Се наоѓаме во период кога Иран е во низа воени активности. Во наредните денови нема да биде изненадување ако истрелаат слични ракети со оние оваа недела.“

Американскиот државен секретар Џон Кери исто така ја достави до иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф загриженоста во врска со пробите на Иран со балистичка ракета.

Кандидатката за претседател на САД од Демократската партија Хилари Клинтон истакна дека поради пробите со ракети со долг дострел треба да се спроведат санкции против Иран.



Слични вести