При уривање на петкатна зграда во Нигерија животот го загубија 34 лица

Во градот Лагос во Нигерија се сруши незаконски изградена петкатна зграда при што животот го загубија 34 лица, а 13 лица биле спасени живи од под урнатините

448341
При уривање на петкатна зграда во Нигерија животот го загубија 34 лица

При уривање на петкатна зграда во најголемиот град и финансиски центар на Нигерија Лагос животот го загубија 34 лица, а 13 лица биле спасени живи од под урнатините.

Во објавеното соопштение од страна на Националната агенција на управата за итна состојба два дена по случајот се истакнува дека од под рушевините на зградата биле извлечени мртвите тела на 34 лица, додека 13 лица биле спасени живи.

Портпаролот на агенцијата Ибрахим Фаринлоје истакна дека завршиле работите за пребарување и спасување кои траат од вторникот.

Фаринлоје додаде дека била започната истрага во врска со уривањето на оваа незаконски изградена зграда.



Слични вести