Европската комисија предложи безвизен режим за грузиските граѓани

Предлог-одлуката на Европската комисија е донесена по позитивниот извештај за месец декември во кој се вели дека Грузија ги исполнила сите критериуми на акциониот план за визна либерализација

448387
Европската комисија предложи безвизен режим за грузиските граѓани

Европската комисија предложи да се воведе визна либерализација за грузиските граѓани кои ќе патуваат во земјите на ЕУ во Шенген зоната.

Според соопштението на Европската комисија предлог-одлуката е донесена по позитивниот извештај за месец декември во кој се вели дека Грузија ги исполнила сите критериуми на акциониот план за визна либерализација.

Доколку одлуката биде прифатена од страна на Европскиот совет и Европскиот парламент грузиските граѓани со биометриски пасош не мора да вадат виза при патување во земјите на Шенген зоната за престои до 90 дена.

Визниот режим за Велика Британија и Ирска поради тоа што овие земји не се членки на Шенген зоната ќе продолжи.



Слични вести