„Без соработка со Турција не може да се води ефикасна борба против криумчарите на луѓе“

Шпанскиот министер за внатрешни работи Хорхе Фернандез Диаз изјави во Брисел дека без соработка со Турција не може да се води ефикасна борба против трговците и криумчарите на луѓе

448327
„Без соработка со Турција не може да се води ефикасна борба против криумчарите на луѓе“

Шпанскиот министер за внатрешни работи Хорхе Фернандез Диаз во Брисел каде што престојува по повод состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ даде изјава за претставниците на печатот.

Диаз истакна дека без соработка со Турција не може да се води ефикасна борба против трговците и криумчарите на луѓе.

Алудирајќи на тоа дека Турција е стратешки сојузник на Шпанија, Хорхе Фернандез Диаз укажа на значењето на Турција во борбата против мигрантската криза.

Шпанскиот министер за внатрешни работи нагласи дека тогаш кога ќе биде целосно подготвен договорот помеѓу Турција и ЕУ истиот ќе содржи целосна легитимност во меѓународна смисла и ќе биде во согласност со основните вредности на ЕУ.

Велејќи дека неговата земја ќе прими 450 мигранти, Хорхе Диаз рече: „Ја информиравме Европската комисија. Во прва етапа од Турција веднаш ќе примиме 250 мигранти. Потоа ќе пристигнат 150 мигранти од Грција и 50 мигранти од Италија.“

Шпанската влада претходно соопшти дека во 2016 година ќе прими вкупно 859 мигранти.



Слични вести