Петро Порошенко престојува во официјална посета на Анкара

Заштитата на правата на Кримските Татари, главна тема на разговорите со турските лидери

447704
Петро Порошенко престојува во официјална посета на Анкара

Украинскиот претседател Петро Порошенко престојува во официјална посета на Анкара.

Претседателот Порошенко во рамките на посетата ќе учествува на 5-от состанок на Високиот совет за стратешка соработка меѓу Турција и Украина.

Високиот гостин на аеродромот Есенбога беше пречекан со голема радост од страна на членовите на Кримската Фондација и Турско-украинското здружение за пријателство.

Во говорот што го одржа во оваа прилика Порошенко рече дека едно од најзначајните прашања за кои ќе разговара со претседателот Реџеп Тајип Ердоган и премиерот Ахмет Давутоглу се заштитата на правата на Кримските Татари.

На средбите ќе разговараме за повторно преземање на Крим под хегемонија на Украина и во тие рамки во координација со Турција ќе видиме што се можеме да направиме на тоа поле.

На 5-от состанок на Високиот совет за стратешка соработка меѓу Турција и Украина што се организира под покровителство на инволвираните министерства исто така ќе размениме мислења во врска со актуелните, билатерални и регионални прашања.

На состанокот ќе бидат разгледани можностите за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу Турција и Украина и во тие рамки ќе се потпишат некои договори и протоколи.

Украинскиот претседател Порошенко во рамките на посетата ќе се состане и со турските бизнисмени.



Слични вести