Ќе бидеме задоволни да ги видиме турските војници во Литванија

Руската агресивна политика предизвика нови политички бранувања во регионот

447640
Ќе бидеме задоволни да ги видиме турските војници во Литванија

Министерот за одбрана на Литванија Јуозас Олекас рече дека ќе чувствуваат задоволство да ги видат турските војници во нивната земја наспроти агресивната политика на Русија.

Олекас во интервјуто за Анадолската агенција се осврна на напнатоста меѓу Русија и балтичките земји, сириската криза, односите меѓу НАТО и Турција.

По руската анексија на Крим и агресивниот став кон Украина, се повеќе се чувствуваме под закана, рече Олекас.

Руската агресивна политика предизвика нови политички бранувања во регионот. Како и голем број земји и ние ја зајакнуваме нашата одбрана и го зголемуваме воениот буџет, рече Олекас.

НАТО треба да преземе поголеми мерки на тоа поле, рече министерот Јуозас Олекас и додаде дека наспроти агресивниот став на Русија од НАТО побарале меѓу војниците кои што ќе бидат испратени во Литванија да има и турски војници.

Олекас рече дека ќе чувствуваат големо задоволство од престојот на турските војници во нивната земја. Турција е првата земја која во рамките на НАТО ќе зазеде место во Воздушната полициска мисија во балтичките земји. Исто така ние ги испративме нашите експерти кога се поставуваа одбранбените ракетни системи патриот во Турција.

Исто така имаме извонредни односи со Турција на политичко ниво. Се надеваме дека ќе имаме можност да оствариме заеднички воени маневри со Турција, рече Олекас.

Воздушните напади на Русија во Сирија се насочени кон засилување на режимот на Асад, рече литванскиот министер Олекас и потенцираше дека руските воздушни напади ја зголемија мигрантската криза во Европа.

Во врска со соборувањето на рускиот борбен авион кој на 24 ноември го наруши турскиот воздушен простор, министерот Олекас рече дека Турција има право да ги брани своите граници и постапи согласно правилата за ангажирање.



Слични вести