Марш на ПЕГИДА во Лајпциг

Демонстрантите протестираа против приливот на имигранти во Европа и политиката на „отворена врата“ на германската канцеларка Ангела Меркел

446690
Марш на ПЕГИДА во Лајпциг

Партијата Европски патриоти против исламизацијата на Запад (ПЕГИДА) која е позната со остриот став против доселениците и исламот, одржа марш во германскиот град Лајпциг.

На маршот на ПЕГИДА учествуваа стотици лица.

Демонстрантите протестираа против приливот на имигранти во Европа и политиката на „отворена врата“ на германската канцеларка Ангела Меркел.

На улиците излегоа и мал број противници на ПЕГИДА.

Безбедносните сили презедоа мерки за да не дојде до судири меѓу приврзаниците на двете групи.

Приврзаниците на ПЕГИДА се претставуваат како Европски патриоти против исламизацијата на Запад.

Членовите и приврзаниците на екстремно-десничарското движење кое за кратко време собра голем број приврзаници, секоја недела редовно одржуваат демонстрации и протести во Германија.



Слични вести