Израел го повлече предлог законот за забрана на езанот

Предлагачот на законот во образложените подвлекол дека езанот (повикот на молитва од минарињата) предизвикува силна бучава

445808
Израел го повлече предлог законот за забрана на езанот

Предлог законот бил повлечен од собраниска процедура бидејќи не бил постигнат консензус во Кнесетот. Предлагачот на законот во образложените подвлекол дека езанот (повикот на молитва од минарињата) предизвикува силна бучава.

Како што јавува израелскиот весник Хаарец,предлагачот на предлог законот пратеникот Моти Јогев го повлекол својот предлог откога не бил постигнат консензус во Законодавно правната комисија на Кнесетот .Јогев инаку пратеник од партијата Еврејска куќа втор по големина партнер во коалицијата составена од 5 парламентарни партии, најавил дека пак ќе го поднесе својот предлог закон за забрана на езанот откога истиот ќе биде ревидиран и како таков ќе ја добие потребната согласност од мнозинството од пратениците на законодавно правната комисија.

Инаку предлог законот на Моти Јови за забрана на езанот, кој ја доби поддршката на ултра десните сили во Кнесетот ги привлече реакциите на пратениците од арапско потекло и од средините кои што се залагаат за човекови права.



Слични вести