Неуспешен обидот на Педро Санчез за формирање влада во Шпанија

131 пратеник гласаше за владата на Санчез, додека 219 против од вкупно 350 пратеници на собранието на Шпанија

445017
Неуспешен обидот на Педро Санчез за формирање влада во Шпанија

По парламентарните избори на 20 декември во Шпанија, неуспешно помина и обидот на Педро Санчез, лидерот на Социјалистичката работничка партија за формирање на новата влада.

Санчез кој на првото гласање за доверба на 2 март не обезбеди потребно мнозинство, на второто гласање исто така не ја доби потребната поддршка.

131 пратеник гласаше за владата на Санчез, додека 219 против од вкупно 350 пратеници на собранието на Шпанија.

На тој начин, од 1975 година, периодот по смртта на диктаторот Франко, првпат во историјата на Шпанија во вториот круг на гласањето не можеше да се формира една влада.

Конечната одлука во врска со натамошниот процес и политичката иднина на земјата ќе ја донесе кралот Фелипе Шести.

По парламентарните избори во Шпанија, кралот Фелипе Шести првпат во политичката историја на земјата се очекува да започне трет круг на преговори со лидерите на политичките партии.

Според предвидувањата, многу е мала можноста кралот да добие нов предлог од лидерите на политичките партии за формирање нова влада.

Доколку до 2 мај не се избере нов премиер, тогаш Шпанците ќе бидат принудени на 26 јуни повторно да одат на избори.

На изборите што се одржаа на 20 декември, ниту една политичка партија не го освои потребниот број на гласови и пратенички места за формирање самостојна влада.

Највисок број на гласови на последните избори освои владејачката десничарска Народна партија.

Лидерот на Народната партија и премиер Маријано Рахој по увидот дека ниту една партија не го подржува, ја одби мандаторската должност за формирање нова влада.



Слични вести