Ким Јонг Ун нареди нуклеарното оружје да биде ставено во полна готовност

Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун нареди нуклеарното оружје да биде поставено во состојба на готовност за употреба

444140
Ким Јонг Ун нареди нуклеарното оружје да биде ставено во полна готовност

По одлуката на ОН за остри санкции против Северна Кореја поради нејзините нуклеарни проби, од властите во Пјонгјанг пристигна нова нуклеарна закана.

Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун нареди нуклеарното оружје да биде поставено во состојба на готовност за употреба.

Според Корејската Централна новинска агенција (KCNA) севернокорејскиот лидер Ким им рекол на армиските функционери дека ќе се преразгледа борбената состојба за превентивни напади.

Ким Јонг посакал проектилите со нуклеарни боеви глави да бидат поставени во готовност за стрелба.

Ким Јон Ун во говорот што го одржа за време на една воена маневра рече: „Нашите непријатели претставуваат закана за постоењето на Северна Кореја. Единствениот пат за да ги одбраниме нашата сувереност и нашето право на живеење во овој крајно жесток период кога САД ја поттикнуваат војната и катастрофата во други земји и кај други народи е да го зголемиме нашиот нуклеарен капацитет.“

На овие изјави на лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун веднаш пристигна одговор и од Вашингтон.

Портпаролот на американскиот секретаријат за одбрана командантот Бил Урбан рече: „Ја предупредуваме Северна Кореја да се воздржува од провокативни активности кои ќе доведат до зголемување на затегнатоста и наместо тоа да се фокусира на своите меѓународни обврски и исполнување на своите ветувања.“

Усвоените санкции од страна на Советот за безбедност на ОН се оценуваат како најостри санкции против Северна Кореја во последните 20 години.



Слични вести