Продолжуваат мистеријата околу малезискиот авион

Властите ги објавија фотографиите на пронајдениот дел од авионот

443851
Продолжуваат мистеријата околу малезискиот авион

Продолжуваат напорите за откривање на мистеријата околу исчезнатиот малезиски авион

Дел од авионот кој што исчезна пред две години заедно со 239 патници, се насука на бреговите на југоисточната африканска земја Мозамбик.

Властите го истражуваат делот од авионот и бараат одговор на прашањето: дали делот припаѓа на исчезнатиот авион?

Властите ги објавија фотографиите на пронајдениот дел од авионот и соопштија дека остатоците од дрвена граѓа се истражуваат и од страна на експерти од Австралија и Малезија.

За добивање прецизни информации за тоа како се случи несреќата, треба да се пронајде црната кутија на таинствениот авион.

Несреќата на авионот којшто исчезна, се случи на 8 март 2014 година.

Авионот од типот Боинг 777 на Малезиската авиокомпанија МХ370 кој патуваше на релација Куала Лумпур – Пекинг, заедно со 227 патници и 12 членови на екипажот исчезна на горенаведениот датум.

Покрај неколкумесечните истражувања, не беа откриени позначајни докази за судбината на авионот.

Претходно едно парче од авионот беше откриено ви Индискиот океан.



Слични вести