Продолжуваат активностите за формирање на Владата во Шпанија

Педро Санчез, лидерот на Социјалистичката работничка партија не ја доби потребната поддршка

444042
Продолжуваат активностите за формирање на Владата во Шпанија

Продолжуваат активностите за формирање на Владата во Шпанија по изборите што се одржаа на 20 декември

Педро Санчез, лидерот на Социјалистичката работничка партија кој од страна на Кралот Фелипе Шести беше назначен за мандатор за формирње на новата Влада, не ја доби потребната поддршка на првиот круг на гласањето.

130 пратеници на собранието на Шпанија гласаа за, 219 против, а еден пратеник беше воздржан.

Вториот и последен круг на гласање за доверба на Владата во Шпанија ќе се одржи утре (петок).

Во случај Санчез повторно не ја добие поддршката за доверба на владата, тогаш шпанскиот крал ќе назначи нов мандатор за формирање на владата или пак ќе го распушти собранието и ќе прогласи предвремени избори.

На изборите на 20 декември, покрај тоа што Народната партија на Маријано Рахој, кој последните 4 години управуваше со земјата освои најмногу гласови, не го постигна потребното мнозинство за формирање самостојна влада.

Рахој не ја доби поддршката на другите партии во собранието поради што ја одби мандаторската должност за формирање на владата.



Слични вести