Почнаа да еруптираат Тунгурауа во Еквадор и Колима во Мексико

Почнаа да исфрлуваат облаци од чад и пепел вулканот Тунгурауа во Еквадор и Колима во Мексико

443731
Почнаа да еруптираат Тунгурауа во Еквадор и Колима во Мексико

Почна да еруптира вулканот Тунгурауа во Еквадор во јужна Америка.

Вулканот кој неколку недели како се набљудува почна да исфрла облаци од чад и пепел во висина од 4 илјади метри.

Откако почна да еруптира вулканот во близина на главниот град Куито нивото на тревога во подрачјето беше покачено на портокалово.

Повторно почна да еруптира и вулканот Колима во Мексико.

Вулканот Колима кој е познат и како „Огнен вулкан“ и е еден од најактивните вулкани почна да исфрла облаци од чад и пепел.

Надлежни истакнуваат дека чадот засега не е на степен кој што би влијаел негативно на населението во подрачјето.

Вулканот Колима се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен и воедно е трусно и вулканско подрачје.



Слични вести