Во Авганистан убиени 70 терористи на Талибан

Командантот на првата бригада на авганистанската армија генерал Сахидад Кептан истакна дека биле завршени операциите кои што траеја неколку дена

443054
Во Авганистан убиени 70 терористи на Талибан

Во реализираните операции од страна на авганистанската армија во населеното место Пештун Кот и областа Хоџа Намуса во провинцијата Фарјаб во северниот дел на Авганистан убиени 70 терористи-членови на Талибан.

Командантот на првата бригада на авганистанската армија генерал Сахидад Кептан истакна дека биле завршени операциите кои што траеја неколку дена.

Кептан рече дека во реализираните операции под команда на првиот потпретседател на Авганистан Рашид Достум во населеното место Пештун Кот и областа Хоџа Намуса во провинцијата Фарјаб во северниот дел на земјата биле убиени 70 терористи на Талибанм а 50 терористи биле повредени.

Истиот воен функционер додаде дека меѓу загинатите се наоѓаат и највлијателните команданти на Талибан во регионот и дека исто така во операциите биле запленети и голема количина муниција и оружје.



Слични вести