„Целта во Сирија е да се зачува територијалниот интегритет на оваа земја“

Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби истакна дека целта во Сирија е да се зачува територијалниот интегритет на оваа земја

442980
„Целта во Сирија е да се зачува територијалниот интегритет на оваа земја“

Портпаролот на американскиот државен секретаријат Џон Кирби на одржаната редовна дневна конференција за печатот одговараше на прашањата на новинарите во врска со договорот за прекин на судирите во Сирија.

Притоа Кирби во врска со планот „Б“ кој беше изнесен од страна на американскиот државен секретар Џон Кери истакна дека неговите зборови биле извадени од контекст и биле сватени во различна смисла.

Велејќи „Тоа не е она што го посакуваме ние, туку е состојба од која стравуваме“, Кирби напомена дека планот „Б“ за кој што се дискутира за негово ставање во примена по прекинот на огнот во Сирија, не предвидува федерална структура за оваа земја.

Кирби рече: „Во Сирија постои единствена цел, зачувување на интегритетот во оваа земја во целина.“

Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби истакна дека целта во Сирија е да се зачува територијалниот интегритет на оваа земја и рече: „Наша едниствена цел е во Сирија да дојде на власт влада која ќе биде избрана од страна на сирискиот народ и ќе управува со земјата во целина без правење на било каква секташка дискриминација. Во владата која ќе биде формирана нема да го има Бешар Асад и оваа влада ќе сноси одговорност и ќе одговори на потребите во рвска со иднината на Сирија.“

Кирби додаде дека САД одблизу ги следат случаите на прекршување на договорот за прекин на судирите во Сирија.

Велејќи дека не добиле некоја значајна вест во последните 24 часа во врска со случај на прекршување на договорот, Џон Кирби рече: „Ранодобиените резултати влеваат храброст.“

Кирби напомена дека по договорот кој што стапи во сила минатата недела во петокот на полноќ е согледано сериозно намалување на насилството и додаде дека кај САД не постои сомневање по ова прашање.

„Ова е математичка реалност. Меѓутоа продолжува да се прави проценка во склопот на една неприкосновена информација во однос на тоа против кого се насочени воздушните напади кои што се реализираат од страна на Русија и режимот.“ - подвлече портпаролот на американскиот државен секретаријат Џон Кирби.



Слични вести