Клинтон и Трамп во „Супер вторник“ со убедлива победа пред своите противници

На одржаните прелиминарни избори во „Супер вторник“ Хилари Клинтон кај Демократите и Доналд Трамп кај Републиканците извојуваа убедливи победи пред своите противници

442730
Клинтон и Трамп во „Супер вторник“ со убедлива победа пред своите противници

На прелиминарните избори познати како „Супер вторник“, едната од најважните фази од критично значење во претседателската предизборна трка во САД на преден план се истакнаа Хилари Клинтон кај Демократската партија и Доналд Трамп кај Републиканската партија.

Во 11 американски сојузни држави неколку милиони членови на Демократската и Републиканската партија гласаа за својот кандидат за нов претседател на САД.

Притоа на прелиминарните избори во соузните држави Алабама, Џорџија, Тенеси и Вирџинија, и Хилари Клинтон кај Демократите и Доналд Трамп кај Републиканците извојуваа победа.

Освен тоа поранешната државна секретарка Хилари Клинтон ги победи своите противници и во сојузните држави Арканзас и Тексас, додека Трамп победи и во сојузната држава Масачусетс.

Кај Демократите противникот на Клинтон Берни Сандерс извојува победа над Клинтон во Оклахома, Вермонт и Колорадо.

Кај Републиканците пак Доналд Трамп изгуби од Тед Круз во Тексас и Олкахома, а Марк Рубио победи во Минесота.

Во досегашната историја на претседателските избори во САД прелиминарните избори наречени „Супер вторник“ беа избори на кои беше определена и судбината на голем број кандидати за новн американски претседател.

Американските граѓани за нов претседател на државата ќе гласаат на изборите закажани за 8 ноември.



Слични вести