Израелски војници застрелаа две палестински момчиња

Во една еврејска населба во близина на градот Наблус израелски војници застрелаа две палестински момчиња на 17 годишна возраст

443104
Израелски војници застрелаа две палестински момчиња

Израелски војници убија двајца Палестинци за кои се тврди дека „влегле тајно и нападнале еден израелски доселеник“ во еврејската населба Ели Јахуди на Западниот брег.

Во објавеното соопштение од израелската армија се вели следното: „Двајца Палестинци кои влегле тајно во еверејската населба Ели Јахуди во близина на градот Наблус нападнаа еден доселеник. Израелските сили кои пристигнаа на местото на настанот поради големината на опасноста ги застрелаа двајцата напаѓачи.“

Палестинското министерство за здравство соопшти дека мртвите тела на двете палестински момчиња на 17 годишна возраст, Лебиб Халдун Аззам и Мухаммед Хишам Зеџлан, биле задржани од страна на израелски функционери.



Слични вести