Сириските преговори одложени за 9 март во среда

Специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура истакна дека датумот на преговорите од 7 март, понеделник е поместен на 9 март, среда

442589
Сириските преговори одложени за 9 март во среда

Сириските преговори за кои се очекуваше повторно да започнат на 7 март во понеделник, одложени за 9 март, во среда.

На крајот од четвртиот ден од стапувањето во сила на прекинот на огнот во Сирија и покрај меѓусебните обвинувања на режимот на Асад и опозиционерите, набљудувачите во своите извештаи истакнуваат дека е евидентирано намалување во случаите на прекршување на прекинот на огнот.

Специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура најпрвин истакна дека ќе има доцнење во сириските преговори кои што беа започнати за стопирање на судирите и доставување хуманитарна помош, а веднаш потоа беа прекинати.

Потоа Мистура рече дека датумот на преговорите е поместен на 9 март, во среда.

Функционери на опозиционерите и режимот на Асад на 9 март, во среда ќе седнат на преговарачката маса во Женева за постигнување политичко решение во Сирија



Слични вести