Доналд Туск на 3 март во Турција

Тема на разговорите на Доналд Туск во Анкара ќе биде борбата против тероризмот и бегалската криза

442326
Доналд Туск на 3 март во Турција

Претседателот на Советот на Европа Доналд Туск на 3 март ќе допатува во Турција.

Турск деновиве се наоѓа на турнеја по балканските држави.

Се очекува Туск во Анкара да одржи средби и разговори со премиерот Ахмет Давутоглу и претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Тема на разговорите на Доналд Туск во Анкара ќе биде борбата против тероризмот и бегалската криза.

Како што е познато лидерите на земјите членки на Европската унија на самитот во Брисел што се одржа на 18 и 19 февруари усвоија заедничка декларација за осуда на терористичкиот напад во Анкара на 17 февруари во кој животот го загубија 29 лица.

Освен тоа лидерите постигнаа согласност за свикување на заеднички самит со учество на Турција, закажан за 7 март.

На дневниот ред на овој исклучително важен самит ќе бидат поставени прашања посветени на бегалската криза,односите на релација Анкара-Брисел, борбата против тероризмот и други актуелни прашања и проблеми.

Доналд Туск претходно имаше изјавено дека на самитот ќе бидат разгледани барањата на Анкара во борбата против тероризмот.



Слични вести