Таинствен напад врз конвој на ДЕАШ во Либија

Во градчето Бани Велид во северозападниот дел на Либија беше реализиран воздушен напад врз конвој од 15 возила на терористичката организација ДЕАШ

441480
Таинствен напад врз конвој на ДЕАШ во Либија

Таинствен напад во Либија...

Во градчето Бани Велид во северозападниот дел на Либија беше реализиран воздушен напад врз конвој од возила на терористичката организација ДЕАШ.

Не е познато ниту од чија страна е реализиран нападот врз конвојот во кој се наоѓале 15 возила, ниту пак дали во нападот имало загинати или повредени.

Очевидци истакнуваат дека слушнале три експлозии, меѓутоа не знаеле точно дали конвојот бил погоден во нападот.

Вашингтон соопшти дека американската армија нема никаква врска со нападот.

Освен тоа засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Западните земји извесно време работат на прашањето за реализација на напади врз позициите на терористичката организација ДЕАШ во Либија.




Слични вести