Телефонски разговор меѓу Кери и Лавров посветен на прекинот на огнот во Сирија

Првиот ден од стапувањето во сила на прогласениот прекин на огнот во Сирија американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров остварија телефонски разговор

440728
Телефонски разговор меѓу Кери и Лавров посветен на прекинот на огнот во Сирија

Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров првиот ден од стапувањето во сила на прекинот на огнот во Сирија остварија телефонски разговор.

И двете страни засега се задоволни од прекинот на огнот.

Во објавеното соопштение од руското министерство за надворешни работи се истакнува дека телефонскиот разговор бил остварен на барање на американската страна и се вели дека притоа станало збор за патиштата за зајакнување на координацијата помеѓу руската и американкската управа во однос на воени прашања.

Во телефонскиот разговор било разговарани и за деталите на неопходните прашања за целосно ставање во примена на прекинот на огнот.

Освен тоа двајцата шефови на дипломатии, Кери и Лавров, направиле проценка и на целта во правец на продолжување на мировниот процес со учество на Меѓународната група за поддршка на Сирија.

Во однос на прашањето било подвлечено значењето на цврстата соработка помеѓу Русија и САД.

Во телефонскиот разговор стана збор и за новата резолуција што ќе биде подготвена во Советот за безбедност на ОН како одговор на ракетните и нуклеарните активности на Северна Кореја.



Слични вести