Расте билансот од рударската несреќа во Автономната Република Коми во Русија

Бројот на загинатите во експлозијата во еден приватен рудник во Автономната Република Коми во Русија се зголеми на 36 лица

441021
Расте билансот од рударската несреќа во Автономната Република Коми во Русија

Русија ја доживува едната од најголемите рударски катастрофи во последните години.

Продолжува да расте билансот од експлозијата до која дојде пред три дена во еден приватен рудник во Автономната Република Коми во составот на Руската Федерација.

Во експлозијата до која дојде поради избивање на метан под притисок во рудникот животот го загубија 4 рудари, а 26 рудари се сметаат за исчезнати.

Во областа беа испратени голем број екипи за пребарување и спасување.

Додека продолжуваа работите за пребарување и спасување на заглавените рудари дојде до нова експлозија во рудникот во која животот го загубија 6 мина припадници на екипите за пребарување и спасување.

Откако беше соопштено дека се изгубени сите надежи за 26-те рудари кои се водеа како исчезнати бројот на загинатите во оваа тешка рударска несреќа се зголеми на 36 лица.



Слични вести