Колиционите сили продолжуваат со бомбардирање на терористичката ДЕАШ

Специјалниот претставник на Обама на меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ Брет МакГорк истакна дека коалиционите сили продолжија да ги бомбардираат целите на терористичката ДЕАШ

440769
Колиционите сили продолжуваат со бомбардирање на терористичката ДЕАШ

Со стапувањето во сила на прогласениот прекин на огнот во Сирија за прв пат е прекината граѓанската војна во оваа земја која трае веќе 5 години.

Меѓутоа прекинот на огнот не значи и прекин на воздушните операции против терористичката организација ДЕАШ.

Имено, меѓународните коалициони сили предводени од САД продолжуваат да ги бомбардираат целите на ДЕАШ.

Како последно воени авиони на коалицијата реализираа 8 напади врз позициите на ДЕАШ во Сирија.

Како што се истакнува во нападите биле погодени цели на ДЕАШ во Тел Абјад, Ал Хавл, Рака и Хасеке.

Специјалниот претставник на американскиот претседател Барак Обама на меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ Брет МакГорк во објавената порака преку социјалната мрежа го напиша следното: „Коалиционите воздушни сили по вестите во врска со нападите на ДЕАШ во близина на Тел Абјад дадоа брз и разурнувачки одговор.“

Инаку,постигнатиот договор за прекин на судирите во Сирија кој стапи во сила прексиноќа (27 февруари сабота во 24:00 часот) не се однесува на терористичките организации ДЕАШ и Фронтот Нусра како и други вооружени групи кои од страна на ОН се оценуваат за терористички.



Слични вести