Русија ќе продолжи со воените операции против ДЕАШ во Сирија

Сега Русија треба да ги затвори своите територии против влезот на терористите од Блискиот Исток и другите области

440323
Русија ќе продолжи со воените операции против ДЕАШ во Сирија

Рускиот претсеател Владимир Путин рече дека по стапувањето на сила на договорот за примирје во Сирија, Русија ќе продолжи со воените операции против ДЕАШ и другите терористички организации во Сирија.
Путин во Кремљ се состана со претставниците на Руската Федерална безбедносна служба (ФСБ).
По состанокот, Владимир Путин одржа прес конференција на која рече дека доби информации дека сите страни ќе се придржуваат на примирјето.
Русија ќе продолжи со воените операции против ДЕАШ, Фронтот Ал Нусра и другите кои од страна на ОН се признаваат за терористички организации, рече Путин и потенцираше:
Се надевам дека САД ќе ја разбере нашата чувствителност, рече Путин и додаде:
Сега Русија треба да ги затвори своите територии против влезот на терористите од Блискиот Исток и другите области. Лицата кои учествувале во терористички акции треба веднаш да ги утврдиме и да ги елиминираме.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека САД и коалиционите партнери треба да се откажат од идејата за копнена операција во Сирија, бидејќи немаат резервен Б план и нема да имаат.
Никој не може да гарантира дека примирјето во Сирија ќе успее сто посто, рече Лавров и повика САД и сојузниците да се откажат од давањето изјави дека постои резервен Б план кој може да предизвика дилема.



Слични вести