САД загриженоста околу договор ја изнесе на највисоко ниво

И натаму продолжуваат недоразбирањата со Русија и Иран околу иднината на Асад

439756
САД загриженоста околу договор ја изнесе на највисоко ниво

САД загриженоста во врска со постигнатиот договор за спречување на судирите во Сирија ја изнесе на највисоко ниво.

Претседателот Барак Обама рече дека остварувањето на договорот многу зависи од сирискиот режим и ставот на Русија и потенцираше дека и натаму продолжуваат недоразбирањата околу иднината на Асад.

Вчера претседателот Обама учествуваше на состанокот на Советот за национална безбедност во Министерството за надворешни работи.

На состанокот учествуваа државниот секретар за надворешни работи Џон Кери, државниот секретар за одбрана Ештон Картер, началникот на Здружениот генералштаб генералот Џозеф Данфорд, како и специјалниот претставник на Обама за борбата против ДЕАШ Брет МекГурк.

Во изјавата за печатот по состанокот, Обама го повтори американскиот став дека Асад не може да има место во иднината на Сирија и потенцираше дека и натаму продолжуваат недоразбирањата со Русија и Иран околу иднината на Асад.

Не може да се замисли Асад да продолжи со функцијата, особено по варварската војната што ја водеше против сопствениот народ како и насилствата, тортурите, фрлањето касетни бомби и оставање гладни на милиони лица. Голем број Сиријци нема да ја напуштат војната се додека Асад не ја напушти претседателската функција.

Руската воена интервенција го зајакна режимот на Асад во Сирија, рече Обама и подвлече дека човечката драма се стекнува со се полоша состојба.

Во Сирија постојат и длабоки секташки и политички расцепи, а не само граѓанска војна рече Обама и потенцираше дека нема да биде лесно да се постигне примирје во една ваква комплексна средина.

Ако не вложиме напори судирите да ги решиме по дипломатски пат, тогаш историјата ќе ни суди, рече Обама.

Единствен пат за уништување на терористичката организација ДЕАШ е окончување на хаосот во Сирија.

Овој договор претставува еден вид тест за искреноста на преговарачките страни. Виенскиот процес е отворен. Веднаш по слободните избори се предвидува да се направи нов устав и да се формира Влада која ќе ги опфати сите инволвирани страни, рече Обама.

Состојбата во борбата против ДЕАШ е малку подобра во споредба со периодот од пред неколку месеци, рече Обама и потенцираше на допринесот на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Холандија и Канада во последниот период, а исто така подвлече на значењето на напорите на Турција во граничната безбедност.

Обама се осврна и на соработката на јавните установи со угледните компании на Силициумската долина како што се Фејсбук, Твитер и Јутјуб во борбата против ДЕАШ на дигитално поле и во тој контекст подвлече дека борбата против ДЕАШ нема да биде лесна. Но исто така не треба да се заборави дека ќе ја искористиме сета моќ на државата.



Слични вести