Пентагон ги демантираше информациите за антитенковските проектили

Нема ниту еден доказен материјал за употребата на наведеното оружје од страна на силите на Сириско-арапската коалиција, освен претходно определените и предвидени цели

439190
Пентагон ги демантираше информациите за антитенковските проектили

Во период кога изјавите и соопштенијата на САД со кои отворено се изнесува американската поддршка на ЈПГ и продолжува да ја зголемува напнатоста меѓу Анкара и Вашингтон, американското министерство за одрана Пентагон ги демантираше информациите дека на ЈПГ му дале најсовремени антитенковски проектили.

Портпаролот на Пентагон Џеф Дејвис во интервјуто за новинарите пред зградата на министерството ги демантираше информациите дека групите во Сирија кои добиваат американската воена поддршка користеле современи антитенковски проектили од типот FGM-148 Javelin.

Во појаснувањето за американската воена поддршка на групите во Сирија, меѓи кои се наоѓа и терористичката организација ЈПГ, портпаролот Џеф Дејвис рече дека не утврдиле ниту еден доказен материјал за употребата на наведеното оружје од страна на силите на Сириско-арапската коалиција, освен претходно определените и предвидени цели.

Дејвис додаде дека на Сириско арапска коалиција која соработува со Сириските демократски сили, им обезбедиле опрема која располага со посебни карактеристики за секоја цел.

Меѓу тврдењата кои беа објавени во меѓународниот печат и медиуми, беше изнесено тврдењето дека од страна на групите кои војуваат против ДЕАШ и кои добиваат воена поддршка од САД, биле употребени и најсовремените технолошки производи од американско потекло како што е антитенковскиот проектил FGM-148 Javelin, а исто така беше изнесено дека меѓу овие групи се наоѓа и терористичката организација ЈПГ.



Слични вести