Турски професор по теологија избран за специјален претставник на ОБСЕ

доцент доктор Булент Шенај, од Теолошкиот факултет на Универзитетот Улудаг, избран за специјален претставник на ОБСЕ за борба против нетолеранцијата и дискримнинацијата против муслиманите

438461
Турски професор по теологија избран за специјален претставник на ОБСЕ

Значаен чекор од Организацијата за европска безбедноста и соработка ОБСЕ во борбата против нетолеранцијата и дискриминацијата против муслиманите.

Германија која оваа година го презеде од Србија привременото претседателствување со (ОБСЕ), меѓу кандидатите за функцијата специјален претставник го избра професорот на Теолошкиот факултет на Универзитетот Улудаг доцент доктор Булент Шенај.

По назначувањето на оваа функција, Булент Шенај истакна дека за време на ова своја задача ќе му придаде приоритет на издигнувањето на стандардите на човековите права во Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) и напомена дека функцијата специјален претставник за борба против нетолеранцијата и дискримнинацијата против муслиманите ја прифатил поради тоа што е достоинствена задача.

Доцент доктор Булент Шенај кој воедно е и член на Советодавниот одбор за верска слобода на ОБСЕ истакна дека за време на исполнувањето на оваа своја задача ќе бидат реализирани истражувања во однос на прашања како што се дискриминацијата, непријателството кон странците, кривичните дела од омраза и исламофобијата со кои се соочуваат муслиманите, ќе бидат подготвени извештаи и ќе се доставуваат предлози за нивно спречување.

Во објавеното соопштение од министерството за надворешни работи исто така се привлекува внимание кон растот на регионалните нестабилности, илегалните миграции, терористичките закани и нетолеранцијата.

Во соопштението се вели следното: „Турција и придава посебно значење на поддршката на активностите на меѓународните организации од аспект на спречувањето на нетолеранцијата, непријателството кон странците, расизмот и слични тенденции.“



Слични вести