Скандал во чоколадото со пластично парче

Американски чоколаден гигант Марс донесе одлука за собирање на сите производи во 55 земји во светот

438500
Скандал во чоколадото со пластично парче

По откривањето пластични парчиња во едно чоколадо произведено во фабриката во Холандија, познатиот американски чоколаден гигант Марс донесе одлука за собирање на сите производи во 55 земји во светот.

Скандалот пукна откако на 8 јануари од едно чоколадо во Германија излезе едно црвено пластично парче.

Одлуката за собирање на производите ги опфаќа чоколадата чии последен рок на употреба се од 19 јуни до 8 јануари 2017.

Во врска со скандалот се коментира дека тоа ќе биде одлука за најголемо собирање на чоколада од пазарот во историјата.

На дневниот ред на компанијата се наоѓа собирањето на некои други чоколадни производи.

Компанијата Марс соопшти дека списокот на производите кои ќе ги повлече од пазарот ќе ги објави на официјалната веб страница www.mars.de.

Засега се доживуваат тешкотии со пристапот до веб страницата на интернет.



Слични вести