Русија казнета поради прекршување на човеково право надвор од нејзините државни граници

Големиот судски совет на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ја казни Русија поради прекршување на човеково право надвор од нејзините државни граници

438509
Русија казнета поради прекршување на човеково право надвор од нејзините државни граници

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ја казни Русија поради случај со прекршување на човеково право надвор од нејзините државни граници.

Во Автономната Република Трансдњестар која во 1990-та година ја прогласи својата независност од Молдавија едно лице по име Борис Мозер кое било приведено поради извршено кривично дело малверзација поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права против Русија и Молдавија.

Притоа Големиот судски совет разгледувањето ја жалбата на ова лице пресуди дека Русија ги прекршила членовите 3, 5, 8, 9 и 13 од Европската конвенција за човекови права.

Согласно оваа одлука на Големиот судски совет на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) Русија на тужителот ќе му плати казна во износ од 29 илјади евра.

Оваа одлука во врска со лицето кое било подложено на лош третман додека бил во притвор во 2008 година, е во својство на преседан, а поради тоа што властите во Москва се оценуваат за одговорни во случајот со прекршување на човековото право на лице кое живее во Автономна Република која правно не се наоѓа во составот на државните граници на Русија.

Големиот судски совет кој ги разгледува обжалените пресуди или потешките судски процеси од аспект на меѓународното право пресуди дека Молдавија сноси правна одговорност во Автономната Република Трансдњестар, меѓутоа не донесе одлука против оваа земја.

Во Автономната Република Трансдњестар која сака да се соедини со Романија и во која се складира оружјето од времето на поранешниот Советски Сојуз се наоѓаат приближно 1.500 руски војници.



Слични вести